Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукцијата
Шеесет и две годишен маж вчера попладне бил пронајден починат во неговиот дом во скопската општина Ѓорче Петров, а при прегледот, лекар констатирал смрт со траги на насилство.

За случајот денеска информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во дневниот билтен на настани, каде се наведува дека вчера во 18:40 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.Ј. (62).
Дека станува збор за смрт со траги на насилство констатирал лекар од Итната од медицинска помош.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукцијата.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
