„Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“, се вели во честитката на собранискиот спикер по повод празникот
Денот на Македонската револуционерна борба не потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред за слобода, достоинство и сопствена државност, вели собранискиот спикер Африм Гаши во честитката по повод 23 Октомври.

Во честитката Гаши нагласува дека одбележувањето на празникот е можност да се оддаде почит на историското минато, но и да се потврди заедничката одговорност за градење демократско, стабилно и просперитетно општество.
„Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“,
вели Гаши.
- Сиљановска-Давкова за 23 Октомври: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ги заборавиме генерациите што ги поставиле нејзините темели
- Денеска се одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во чест на основањето на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) во Солун во 1893 година.
