Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На некои места врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 15 до 24 степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 11 степени наутро до 22 во текот на денот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време, а во утринските часови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 13 до 22 степени.
Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.
