Нова рунда преговори би можела да се одржи околу 10 ноември во Абу Даби
Русија во принцип е подготвена да ги продолжи разговорите со САД и Украина за прекин на конфликтот – изјави денеска Јуриј Ушаков, висок помошник на рускиот претседател Владимир Путин.

Неговата изјава доаѓа по состанокот што претседателот на Руската Федерација го одржа со Стив Виткоф – специјален претставник на претседателот на САД, Доналд Трамп, во градот Санкт Петербург. Според изјавата на Ушаков, рускиот претседател начелно се согласил за обновување на трилатералните преговори во ноември.
Нова рунда преговори би можела да се одржи околу 10 ноември во Абу Даби. Ушаков вели дека разговорите мора да се фокусираат на изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот.
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф на социјалните мрежи потврди дека трилатералните разговори меѓу САД, Русија и Украина ќе продолжат на техничко ниво. Неговата средба со Путин уследи по средбата што во вторникот ја оствари со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Осло.
По средбата на Виткоф и Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев добил повратни информации дека Русија поддржува трилатерален состанок.
„Американската страна предлага ова да се направи што е можно поскоро. Ние сме за тоа“,
рече Зеленски.
Минимумот што се очекува од Русија, вели украинскиот претседател, е прекин на војната, по што би можело да се разговара и за безбедносни гаранции за Украина.
