Во барањето доставено до РКЕ на 16 октомври, Државниот оператор за пренос на електрична енергија предлага просечната тарифа за пренос на електрична енергија од јануари да се зголеми од сегашните 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, односно за 97,68 проценти
Државниот оператор за пренос на електрична енергија МЕПСО до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доставил барање за зголемување на тарифата за пренос на електрична енергија за над 97 проценти.

Во барањето доставено до РКЕ на 16 октомври, МЕПСО предлага просечната тарифа за пренос на електрична енергија од јануари да се зголеми од сегашните 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, односно за 97,68 проценти.
За следната година, компанијата бара регулиран приход од околу 3,39 милијарди денари, наспроти 1,88 милијарди денари одобрени за 2026 година. Истовремено планираната количина електрична енергија на излез од преносната мрежа се намалува од 6,24 милијарди киловат-часа предвидени за оваа година на 5,68 милијарди киловат-часа.
Во однос на останатите енергетски компании, Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО не побарал промена на просечната тарифа за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, а Електродистрибуција нема наведено дали и каква промена во цената ќе бара затоа што сè уште не е завршена постапка за набавка на електрична енергија за покривање на загубите.
