Случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера околу 14 часот, а лекар Итната медицинска помош констатирал смрт
Триесет и осумгодишен маж од скопско Студеничани починал вчера во Кондово откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во градба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во СВР Скопје е пријавено дека во село Кондово, Скопско, М. Б. (38) од село Студеничани, Скопско, додека извршувал градежни работи во куќа во градба добил струен удар, по што паднал на земја и починл“,
се вели во полицискиот билтен.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера околу 14 часот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
