Според информациите од градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, денеска се очекува да започнат активности за расчистување и потрупување на депонијата со соодветна механизација, со цел да се помогне во гаснењето на пожарот и да се спречи негово повторно разгорување
Пожарот на депонијата во селото Еднокуќево продолжува да предизвикува чад и непријатна миризба во околината на Струмица. Мирисот на чад се чувствува од вчера попладне, во текот на ноќта, па сè до утринава, соопштија екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица на Фејсбук.

Пожарникарите вчера интервенирале двапати, во попладневните и во ноќните часови, но и од утрово се на терен, каде работат на локализирање и гаснење на пожарот.
Според информациите од градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, денеска се очекува да започнат активности за расчистување и потрупување на депонијата со соодветна механизација, со цел да се помогне во гаснењето на пожарот и да се спречи негово повторно разгорување.
Пожарите на депониите, освен опасноста од ширење на огнот, предизвикуваат и загадување на воздухот поради чадот и непријатната миризба што се шират кон околните населени места.
Дополнителен проблем е тлеењето во длабочината на отпадот, поради што огнот може повторно да се разгори и по гаснењето на видливите пламенски јазици, што бара продолжени интервенции.
Надлежните апелираат на одговорно однесување и поголема грижа за животната средина.
