Од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.
Според најавите на УХМР, во четврток се очекуваат поројни и пообилни врнежи, проследени со повремени грмежи.
Во четврток по котлините ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност, додека во петок ќе дува засилен северозападен ветер.
