Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се емитува вечерва (19 октомври 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, го прашуваме – кога ќе почне изградбата на брза пруга од границата со Србија до границата со Грција? По објавата дека се завршени сите шест студии, зошто се уште не е избран кредитор? Можни ли се нови поместувања на рокови, откако најавите за работа на терен се пролонгираа од есента 2025 за пролетта 2027 година? Во каква кондиција е Јавното претпријатие за државни патишта? Може ли да ги враќа кредитите за автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ и за Кичево-Охрид или товарот ќе падне врз државниот буџет? Каде ќе се произведуваат новите електрични автобуси и колкав е кинескиот удел во набавката? Дали политичките промени во Унгарија влијаат врз инвестициските планови на мобилниот оператор „4 ај-џи“ во Македонија?
Емисијата се емитува од 20:30 часот на МРТ 1.
