Сепак, во објава на неговата социјална мрежа Икс, Маск не даде детали за тоа како ќе се спроведува подарувањето акции, ниту кои деца би имале право на акциите
Како што пишува Си-ен-ен, според податоците на Бирото за попис на САД, во земјата живеат околу 73 милиони деца помлади од 18 години. Доколку секое од добие по една акција, вкупната вредност на подарокот, пресметано според наведената цена на акциите, би изнесувала 10,7 милиони долари
Сопственикот на „Спејс икс“, Илон Маск, денеска објави дека следната година ќе подари по една акција од компанијата на секое дете во Соединетите Американски Држави (САД).
Оваа негова изјава, како што пренесува Си-ен-ен, доаѓа во период кога технолошките компании се соочуваат со критики за влијанието на вештачката интелигенција врз општеството и работните места.

„Следната година ќе му подарам по една од моите акции во ‘Спејс икс‘ на секое дете во Америка. Ова ќе биде првата од многуте“,
напиша тој на Икс.
Сепак, во објава на неговата социјална мрежа Икс, Маск не даде детали за тоа како ќе се спроведува подарувањето акции, ниту кои деца би имале право на акциите.
Инаку, акциите на „Спејс икс“, во петокот на затворањето на берзата се тргуваа по цена од околу 146 долари. Компанијата почна со јавно тргување во јуни годинава, реализирајќи ја најголемата иницијална јавна понуда во историјата.
Како што пишува Си-ен-ен, според податоците на Бирото за попис на САД, во земјата живеат околу 73 милиони деца помлади од 18 години. Доколку секое од добие по една акција, вкупната вредност на подарокот, пресметано според наведената цена на акциите, би изнесувала 10,7 милиони долари.
Според тамошните медиуми, не е нова идејата за вклучување на младите во пазарот на капитал.
Американското Министерство за финансии месецов автоматски вклучи милиони малолетници во т.н. „Трамп сметки“ (Trump Accounts), нов федерален механизам за штедење и инвестирање. Со него, децата родени од почетокот на 2025 до крајот на 2028 година имаат право на еднократен државен придонес од 1 000 долари.
Next year, I will give one of my SpaceX shares to every kid in America. This will be the first of many.
— Elon Musk (@elonmusk) October 19, 2026
Обиди да се ублажат критиките?
Најавата на Маск следува по објавата на компанијата „Антропик“ дека ќе издвои најмалку пет отсто од своите акции на Фондот за јавно добро, кој може да доделува дотации на непрофитни организации или директно да исплаќа средства на одредени групи граѓани.
Од компанијата соопштија дека овие средства би можеле да помогнат во ублажување на последиците од вештачката интелигенција врз работните места.
Тогаш Маск упати реакција на овој предлог, предлагајќи акциите да им се доделуваат директно на граѓаните.
Инаку, компаниите за вештачка интелигенција се соочуваат со засилени критики поради безбедноста на нивните производи, ризикот од губење работни места и социјалните и еколошките последици од изградбата на големи центри за податоци.
