При разговор со малолетникот, полициските службеници утврдиле и дека тој го возел мотоциклот пред да се стекне со право за негово управување
Шеснаесетгодишник од Штипско што возел мотоцикл на едно тркало е пронајден од полицијата, по што со него вчера е извршен служен разговор во присуство на родител, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По случајот се преземени мерки и активности откако на 15 октомври на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како тој на улица во Штип вози мотоцикл на едно тркало. Со тоа, како што се вели во полициското соопштение, го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот.
При разговор со малолетникот, полициските службеници утврдиле и дека тој го возел мотоциклот пред да се стекне со право за негово управување.
За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во продолжение погледнете го видеото на кое се гледа како малолетникот управува мотоцикл на едно тркало:
