Утре ќе има претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието и источните делови од земјата. Утринската температура ќе биде од 1 до 9 Целзисуови степени, а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени.
И во Скопје денеска ќе има сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 7 степени наутро до 21 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Макисмалната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
