Како што соопшти УХМР, утрото беше најстудено во Берово, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија

Денеска времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Како што соопшти УХМР, утрото беше најстудено во Берово, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија. До 8:30 часот се измерени и -1 степен во Крива Паланка, нула во Струмица и Крушево, еден степен во Штип, Охрид, Маврови Анови, Тетово, Претор и Демир Капија, два во Битола, Прилеп и Виница, четири во Кавадарци и Куманово, пет во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, како и шест степени во Велес.
Изминатите 24 часа до осум часот утрово наврнале два литри на метар квадратен дожд во Струмица, Штип и Кавадарци, како и еден литар на единица површина во Скопје – Зајчев Рид.
