Според надлежните, повредени се и едно 7-годишно дете и уште еден 54-годишен наставник, кои се пренесени во болница

Три деца, на возраст од 5, 8 и 11 години, како и еден наставник, се убиени откако 16-годишник, жител на Бенд, Орегон, влегол во основно училиште и почнал да пука, соопшти полицијата објави Си-ен-ен.
„Напаѓачот, вооружен со огнено оружје, насилно влегол во училиштето пукајќи во заклучените врати, но не е јасно до каде успеал да навлезе во објектот“,
вели началникот Мајк Кранц од Полициската управа во Бенд.
Според Кранц, еден граѓанин, кој го забележал тинејџерот како влегува во основното училиште „Силвер рејл“ околу 13 часот, влегол по него, по што дошло до размена на оган, при што напаѓачот бил убиен уште пред да пристигнат полициските службеници.
Според надлежните, повредени се и едно 7-годишно дете и уште еден 54-годишен наставник, кои се пренесени во болница.
Police say the suspect is dead after a shooting at Silver Rail Elementary School in Bend, Oregon. At least two people, including children, have been hospitalized. Students are being evacuated, and families are being directed to Journey Church for reunification. Authorities urge the public to avoid the area as the investigation continues. https://t.co/QRoc90WZJt
— Citizen (@CitizenApp) October 15, 2026
Според полицијата, сè уште не е јасно дали напаѓачот имал каква било врска со училиштето, каков конкретен тип на оружје користел или колку куршуми испукал. Од полицијата наведоа дека напаѓачот бил 16-годишен локален жител, но не открија дополнителни детали за него, ниту пак идентитетот на жртвите.
Портпаролката на полициската управа во Бенд, Шила Милер, вели дека полицијата добила дојава за вооружен напад во основното училиште „Силвер рејл“ во 12:59 часот.
Полицијата соопшти дека првиот повик дошол од лице кое пријавило дека непознат напаѓач пука кон неговиот автомобил, а на фотографиите од местото на настанот се гледа црвено возило со дупки од куршуми.
Неколку минути подоцна, надлежните служби примиле повици на бројот за итни случаи (911) во кои се пријавува дека напаѓачот влегол во училиштето.
Според полицијата, тој пукал во бравите на вратите за насилно да влезе внатре.
Еден граѓанин, кој се затекнал во близина, забележал дека започнува нападот, го следел напаѓачот до внатрешноста на училиштето и го застрелал, соопшти полицијата.
Три минути подоцна, на местото на настанот пристигнале првите полициски службеници кои потврдиле дека напаѓачот е убиен, а потоа го пребарале училиштето.
Според полицијата, во основното училиште „Силвер рејл“ учат околу 450 деца, а во него работат повеќе од 40 возрасни лица.
Според Базата на податоци за пукања во училиштата, минатата година во американските училишта се случиле 235 инциденти со пукање, а оваа година, досега, најмалку 140.
