Претседателот на опозицијата во објавата на социјалните мрежи иронично прашува дали е виновен и за гравитацијата, за изгревањето на Сонцето, за вртењето на Земјата или за доаѓањето на зимата
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку објава на социјалните мрежи иронично одговори на обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ – дека тој и неговиот претходник Зоран Заев стојат зад бегството на Ива Михаилова во Бугарија.

Тој во објавата иронично прашува дали е виновен и за гравитацијата, за изгревањето на Сонцето, за вртењето на Земјата или за доаѓањето на зимата.
„Има ли нешто за што не сум виновен? Може ли нешто да ме заобиколи? За гравитацијата? Јас. Врне? Јас. Сонцето изгреало? Јас. Ветерот? Јас. Земјата што се врти? Јас. Доаѓа зимата? Јас. Водата што тече? Пак јас. Не сум виновен што оваа банда повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не сум виновен што лагите повеќе не поминуваат. Немаат повеќе ни Латас ни Мицкоски инспирација за вакви глупости. Можеби сум виновен и за тоа што народот гледа. Или за тоа што бајките се потрошија. Или за тоа што некој го прочитал ваквиот наслов и се смее? Народе, очигледно стојам зад сè. А вистината сама излегува“,
напиша Филипче во објавата.
Денес прашувам: Има ли нешто за што не сум виновен? Може ли нешто да ме заобиколи? За гравитацијата? Јас. Врне? Јас. Сонцето изгреало? Јас. Ветерот? Јас. Земјата што се врти? Јас. Доаѓа зимата? Јас. Водата што тече? Пак јас. Не сум виновен што оваа банда повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не сум виновен што лагите повеќе не поминуваат. Немаат повеќе ни Латас ни Мицкоски инспирација за вакви глупости. Можеби сум виновен и за тоа што народот гледа. Или за тоа што бајките се потрошија. Или за тоа што некој го прочитал ваквиот наслов и се смее? Народе, очигледно стојам зад сè. А вистината сама излегува.
— Venko Filipce (@VFilipche) October 13, 2026
Неговата реакција следува по обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека тој и Зоран Заев стојат зад бегството на младата Ива Михаилова во Бугарија. Ваквото обвинување партијата го темели на фактот дека медицинскиот извештај на Михаилова, со кој се тврди дека методата за нејзино лекување ја нема во земјава, го изготвил докторот Иван Барбов, кој во времето на СДСМ бил директор на Клиниката за неврологија, а на функцијата бил поставен лично од Заев и Филипче во 2017 година. Во извештајот стои дека методите за лекување на Михаилова не се изведуваат во земјава, а поради тоа се препорачува лекување во Бугарија или во Турција.
