Министерот за здравство најави дека следната недела планира да оди и во Кочани, да се сретне со повредените и да им го соопшти планот за натамошниот медицински третман
Министерот за здравство Сашо Клековски најави нова фаза во лекувањето на повредените во пожарот во „Пулс“. Тој во изјава за медиумите денеска кажа дека веќе имал средба со лекари во Белград, а следната недела ќе оди на консултации и со лекари во Софија, за да се прецизираат деталите за натамошното лекување на овие пациенти.

„Во понеделникот бев во Белград и имав средба со министерот Лончар за да ги прецизираме деталите. Следната недела, в понеделник, ќе бидам во Бугарија на средба во Софија со нивната министерка. Очекувам со тоа да ги финализираме ставовите за следната фаза на лекување на повредените од Кочани“,
изјави Клековски.
Министерот најави дека следната недела планира да оди и во Кочани, да се сретне со повредените во пожарот и да им го соопшти планот за натамошниот медицински третман.
Во пожарот во „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март 2025 година, беа повредени повеќе од 200 лица.
