Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски вчера објави дека поднесува оставка од фукцијата поради лични причини. Изрази благодарност за укажаната доверба, поддршката и можноста да биде дел од Владата
Собранието на денешната седница ја констатира оставката на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, рече дека до почетокот на денешната седница Андовски не доставил известување дека ќе ја образложи оставката.
„Констатирам дека согласно членот 121 став 2 од Деловникот на Собранието, на господинот Јовица Андовски му престанува мандатот заменик на министер кој раководи со Министерството за здравство“,
рече на денешната седница потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски вчера објави дека поднесува оставка од фукцијата поради лични причини. Изрази благодарност за укажаната доверба, поддршката и можноста да биде дел од Владата.
Андовски беше предложен за заменик-министер во јули 2024 година.
