Фон дер Лајен на пладне ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, а потоа и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје, најавуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Режимот на сообраќај ќе се однесува на сообраќајниците во поширокото централно подрачје. МВР апелира до возачите да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Причината за воведувањето на сообраќајниот режим е посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која денеска на пладне во зградата на владата треба да има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Потоа Фон дер Лајен треба да има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
