Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата, а како што соопштиле од Министерството за одбрана на Сирија таа се случила во привремено складиште, кое се користело за собирање оружје од војната пред да биде преместено на други локации
Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија што денеска се случи во складиште за оружје и муниција во северозападната сириска покраина Идлиб, пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на соопштенија на локалните власти.

Според проценките на управата за медиуми во Идлиб, бројот на жртви во експлозијата во близина на градот Сармада е можно да се зголеми.
Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата, а како што соопштиле од Министерството за одбрана на Сирија таа се случила во привремено складиште кое се користело за собирање на оружје од војната пред да биде преместено на други локации.
Од Министерството навеле дека меѓу повредените има војници и дека нивни припадници соработуваат со другите власти во обезбедување на областа, од која се издигал густ црн чад, што делумно им предизвикал тешкотии на спасувачките екипи во пребарувањето на местото и проценка на штетата.
🇸🇾 BREAKING! Footage captures the moment a weapons depot exploded in the Idlib countryside, Syria. pic.twitter.com/zMax4ThvIn
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 9, 2026
Инаку, инцидентот се случува само неколку дена откако експлозија одекна во друго складиште за оружје – во градот Биниш, во истата покраина, каде што исто така имаше жртви.
Идлиб и соседната покраина Алепо последните години беа погодени од голем број експлозии во складишта за оружје и муниција, што предизвика загриженост за безбедноста на цивилите во овој регион. Во Сирија, како што пренесуваат медиумите, има останато многу оружје од конфликтот што долги години беснееше во земјата.
