„На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: ‘Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина‘“, вели собранискиот спикер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во честитката по повод 35-годишнината од независноста, порача дека државноста не се постигнува само со прогласување независност, туку се гради секојдневно преку функционални институции, еднаквост, одговорност, образование и економски развој.

„Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме“,
вели собранискиот спикер.
Гаши нагласи дека различната етничка, јазична, верска и културна припадност на граѓаните треба да претставува заедничка сила, а не извор на поделби.
„Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата“,
рече тој.
Според него, европската перспектива треба да биде заедничка цел, со институции што им служат на граѓаните и со еднаква примена на законите.
„На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: ‘Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина‘“,
вели Гаши во честитката.
На крајот, порача со верба во граѓаните и со заедничка работа да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации.
- Северна Македонија одбележува 35 години независност
- Сиљановска-Давкова: Независноста не е завршено историско дело, туку трајна обврска на генерациите
