Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот што се случил уторово бил со епицентар во Албанија, во близина на Поградец, со јачина од 4,3 степени
Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени според Рихтер утрово во 05:40 часот е регистриран во Охридско-струшкиот Регион, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјата, особено во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Сепак, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот што се случил уторово бил со епицентар во Албанија, во близина на Поградец, со јачина од 4,3 степени.
Епицентарот бил на околу 13 километри југоисточно од Поградец, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот се случил во поширокото подрчје на Охридското Езеро, поради што е почувствуван од жителите од овој дел на државата.
Според објавите на социјалните мрежи, жителите на Охрид, Струга и околината забележале силно лулање кое ги разбудило од сон.
