Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со локална облачност, а попладне наместа се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со локална облачност, а попладне наместа се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Синоптичарите најавуваат дека заради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
До крајот на неделава на одредени места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
