Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 97 денари за лирар, а еуросупер БС-98 ќе се продава за 99 денари за литар. Дизелот, пак, ќе се продава за 101 денар за литар
Од полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со отпад (РКЕ).

Бензините поскапуваат за три, а дизелот за шест денари.
Со тоа, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 97 денари за лирар, а еуросупер БС-98 ќе се продава за 99 денари за литар.
Дизелот ќе се продава за 101 денар за литар.
Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство се зголемува за осум денари за литар, односно за 105 денари за литар, а на мазутот за 1,591 денари за килограм и ќе изнесува 46,001 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ, како што информираат оттаму, се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 31 август 2026 година.
Зголемувањето, како што велат, е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка бензините поскапеле во просек за 4,829 отсто, дизелот за 8,922 отсто, екстралесното масло за 11,644 отсто, а мазутот за околу 4,163 отсто.
