Утре ќе се задржи сончево и топло време со мала локална облачност, додека од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според прогнозата на синоптичарите, утре ќе се задржи сончево и топло време со мала локална облачност, додека од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
