Следната недела времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот

На целата територија на државата денеска е објавен портокалов метеоаларм, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во прогнозата велат дека времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено вдолж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 12 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе се движи од 28 до 37 степени.
И во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро, до 33 во текот на денот.
За утре од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Следната недела времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот.
