Според утринскиот извештај од ЦУК, изгаснати се 30 пожари на кои гореле ниска вегетација, стрништа, ѓубриште, нискостеблеста, борова и мешана шума и депонии

Изминатото деноноќие биле регистрирани 41 пожар на отворен простор, а до 7:30 часот утринава активни се шест, додека пет се под контрола. Изгаснати се 30 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација, и во Општина Струга кај селата Пискупштина, Луково и Буринец, каде што е запалена шума.
Во Општина Сарај активен е пожарот кај селото Копаница каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во Општина Студеничани пожарникарите се уште го гаснат пожарот на ниска вегетација и мешана шума кај селото Палиград.
Другите два активни пожари, како што информираат од ЦУК, се во Општина Ѓорче Петров кај селото Грачани и во Општина Кичево кај местото викано Дардара, село Тајмиште. На овие две локации горат нискостеблеста шума, ниска вегетација и мешана шума.
Од ЦУК велат дека под контрола се пожарите кај Македонски Брод околу селата Битово, Заград и Страјане, кај селото Белица, како и оној кај селото Драгов Дол во истата општина. Во Општина Зелениково под контрола е пожарот кај селото Палиград, а во Општина Делчево на градската депонија.
Според утринскиот извештај од ЦУК, изгаснати се 30 пожари на кои гореле ниска вегетација, стрништа, ѓубриште, нискостеблеста, борова и мешана шума и депонии.
