Седум лица починаа како последица на ковид-19, 115 се новозаразени, а 40 лица оздравеле, соопшти Министерството за здравство, во статистиката за состојбата со коронавирусот во изминатите 24 часа.
Од починатите, пет пациенти се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години, додека во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Ресен 6, Гостивар и Кичево по 3 и Велес-2.
Во последните 24 часа се направени 1 032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Струга-13, Охрид и Тетово по 8, Дебар и Прилеп по 6, Гостивар-5, Куманово и Кичево по 4, Штип-3, Ресен 2 и Велес, Пробиштип и Свети Николе по еден случај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7 046, бројката на оздравени пациенти е 3 027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 678. Од вчерашните тестирања еден е контролен. Во моментов состојбата по градови е следна:
• Скопје 3394, активни 2007
• Куманово 797, активни 244
• Дебар 109, активни 57
• Штип 374, активни 161
• Прилеп 282, активни 56
• Тетово 766, активни 392
• Струга 265, активни 167
• Велес 196, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 204, активни 175
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 156, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 26, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 42, активни 37
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 89
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31.
Досега во земјата се направени вкупно 67 165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
