Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1, Сафет Бишевац, е позитивен на ковид-19.
Тој сам ја објави веста на социјалните мрежи.
„Тестирањето покажа дека сум позитивен на ковид-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичен лекар“,
објави Бишевац.

