Случајни минувачи, кои го забележале телото на кејот во Охрид, го пријавиле случајот во полиција
Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро.
Случајни минувачи го пријавиле случајот во полиција. Тие го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ во градот.
На лице место излезени се екипи на крим-техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за Итна медицинска помош која ја констатирала смртта.
Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Неговото тело е предадено на обдукција, за да се утврдат причините за смртта.
