„Црна Гора не водела преговори за воспоставување такви центри на својата територија и владата не добила официјална иницијатива за нивно отворање. А кога таква иницијатива ќе биде ставена на маса, нашиот одговор ќе биде негативен“, напиша тој на Икс
Како што пишува српски Н1, повикувајќи се на италијанските медиуми, Црна Гора се нашла на прелиминарна листа на земји во кои ЕУ би можела да отвори нови центри за прием и репатријација на нерегуларни мигранти
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека во земјата нема да се градат центри за прифат на илегални мигранти. Ова следува откако во италијанските медиуми се појавија информации дека Црна Гора е меѓу државите кои Европската Унија ги разгледува за воспоставување центри за прием и репатријација на нерегуларни мигранти.

„Црна Гора не водела преговори за воспоставување такви центри на својата територија и владата не добила официјална иницијатива за нивно отворање. А кога таква иницијатива ќе биде ставена на маса, нашиот одговор ќе биде негативен“,
напиша Спајиќ на социјалната мрежа Икс.
Povodom medijskih navoda o navodnoj preliminarnoj listi zemalja u kojima bi Evropska unija mogla da uspostavi centre za prihvat i repatrijaciju iregularnih migranata iz zemalja EU, želim jasno da saopštim da Crna Gora nije vodila pregovore o uspostavljanju takvih centara na…
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) August 4, 2026
Според него, Црна Гора останува доверлив партнер на Европската Унија во заштитата на заедничките граници и управувањето со миграциските текови, но нагласи дека секоја одлука што се однесува на државата ќе биде донесена одговорно, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните.
Како што пишува српски Н1, повикувајќи се на италијанските медиуми, Црна Гора се нашла на прелиминарна листа на земји во кои ЕУ би можела да отвори нови центри за прием и репатријација на нерегуларни мигранти.
Се наведува дека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози ќе го претстави планот пред своите колеги од земјите членки на ЕУ на вонреден состанок.
Според новинската агенција АНСА, стратегијата на владата на Џорџа Мелони предвидува проширување на постојниот „албански модел“ и во други држави надвор од Европската Унија.
„Клучна разлика од договорот што Рим го има со Тирана е тоа што новите центри би се финансирале директно од европските фондови и од заедничкиот буџет на Унијата“,
пишува агенцијата.
Освен Црна Гора, на списокот на потенцијални земји каде што би се граделе објекти за сместување и обработка на документи се и Тунис, Либија, Египет, Руанда, Гана, Сенегал, Мавританија, Уганда, Узбекистан, Ерменија и Етиопија.
Британските медиуми во декември минатата година објавија дека Велика Британија можеби ќе ги депортира одбиените баратели на азил во Северна Македонија, во обид да ја обесхрабри нелегалната миграција со чамци во земјата.
За секој преземен мигрант Британија би ѝ плаќала на Македонија.
Овие наводи ги демантираа и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, посочувајќи дека Владата ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти.
