Динамиката на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан ќе продолжи и во текот на следниве шест месеци за време на германското претседавање со Унијата, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, словачкиот европратеник Владимир Билчик.
„Западниот Балкан и проширувањето ќе бидат меѓу главните теми на агендата на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Европскиот парламент на 8 јули“,
истакна Билчик.
Според него, одлуката на Европскиот совет за давање зелено светло за старт на преговорите за членство во Унијата со Северна Македонија и Албанија, како и отворањето на последното поглавје од преговарачкиот процес со Црна Гора дале нов интензитет на процесот на проширување на ЕУ.
Што се однесува до Србија, Билчик смета дека новата влада, која ќе се формира по неодамнешните избори, ќе треба да ги спроведе суштинските реформи кои се неопходни за напредок на земјата во прегоривте со ЕУ, како и да се насочи кон обнова на дијалогот меѓу Белград и Приштина.