Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.
„Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија“,
велат од Министерството за здравство.
Оттаму најавија дека веднаш по состанокот ќе ги соопштат одлуките.
Вчера на оваа тема зборуваше и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој рече дека во овие одлуки нема политика туку клучен услов е епидемиолошката слика.
Така, за отворање на границите на ЕУ за нашата земја, тој испрати порака дека колку повеќе ги почитуваме мерките, ќе имаме подобра епидемиолошка слика и ќе ни се отворат сите граници.
