Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од предизборниот собир во Маврово – Ростуше најави дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ ќе создаде правен систем кој ќе го проверува потеклото на имот на политичарите.
Тој рече дека политичарте треба да бидат пример за граѓаните и најави дека таа проверка би почнала од него, па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев.
„Ќе провериме од прв до последен. За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на Уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бидат почитувани законите, нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделстви, ниту добро образование – нема ништо. Прв и основен столб денеска на една современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток. А јас велам еве почнете од мене, јас ќе бидам доброволец што ќе се пријави од новата влада во соодветна агенција да го провери мојот имот и имотот на моето семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил, дали имало нешто алашвериш. Ако има, подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари, да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот“,
појасни Мицкоски.
