Експертите анализирале и дошле до заклучок дека за да се види колку некоја земја е погодена од ковид-19 треба да се знае бројот на тестирања
Оние земји кои спроведуваат повеќе тестирања, откриваат и повеќе случаи, а малиот број тестирања создава сомневање во реалноста на бројките, како во случајот со Африка
Во светот досега има регистрирано повеќе од 10,5 милиони случаи на коронавирус и повеќе од половина милион смртни случаи како резултат на пандемијата.
Започна во Кина, според некои податоци најверојатно уште во ноември, но потоа се многу брзо се прошири во Европа и другите земји во Азија, пред да пристигне во Америка.
Но, начинот на кој земјите во светот реагираат е различен.

Земји со најголем број смртни случаи
Земја со најголем број смртни случаи се САД, каде има повеќе од 130 000 починати како последица-19, според податоците од универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор.
Но тоа најверојатно не е најлошиот пример.

Во Белгија починале 85,2 луѓе на 100 000 жители – што е повеќе од двојно од стапката на смртност во САД (38,5 / 100,000).
Во однос на смртните случаи од ковид-19, сите најтешко погодени земји се европски. По Белгија, следуваат Велика Британија, Шпанија, Италија, Шведска и Франција со најголема стапка на смртност по број на жители.

Сите овие се земји кои беа погодени од првиот бран многу порано од останатиот дел од светот (освен Кина), подолго време живеат со вирусот.
Сепак, статистиката за стапката на смртност не ја дава целосната слика за ситуацијата.
Бројот на смртни случаи поврзани со ковид веројатно секаде е втора информација во извештааите, бидејќи секогаш прв податок е оној на заразени, кои потоа починале и ќе бидта евидентирани како смртни случаи од оваа болест.
Во многу земји, разликите во водењето на евиденција може да значат дека не постои начин ковид-19 да се регистрира како фактор на смртност. Поради тоа, некои експерти препорачуваат дека подобар начин за проценка на бројот на оние кои почнале како последица на коронавирусот да вишокот на смртнни случаи во споредба со просекот на една земја – ако бројот на оние кои починале е над просекот во таа сезона, може да посочи дека луѓето умираат како последица на коронавирусот.
Но, вистинската стапка на смртност не се очекува да биде позната уште долго време, можеби години, сè додека истражувачите неутврдат колку луѓе во заедниците низ целиот свет навистина починале од симптоми поврзани со коронавирус.
Земји со најголем број заразени
Земја со најголем број заразени повторно се САД, каде повеќе од 2,7 милиони луѓе се позитивни на коронавирусот.
Но, како и со смртните случаи, таа статистички не е најтешко погодена земја со заразени.
И тука всушност работите стануваат комплицирани. Причината е во тоа што бројот на заразени зависи од обемот на тестирање.
За да го потврди бројот на случаи, САД спроведуваат 1 650 тестови на ден на милион луѓе, според OurWorldInData. За разлика од нив, Индија, која има регистрирано околу 612 500 случаи, секој ден спроведува помалку од една десетина од тој број на тестови – или само 147 тестови на еден милион жители.

И, се разбира, колку помалку тестови според бројот на жители, толку помалку позитивни тестови.
Не сите земји објавуваат колку тестови спроведуваат. Бројките за многу африкански земји, на пример, не се познати.
Чиле и Перу имаат регистрирано стотици илјади случаи, во Чиле на пример, многу пати повеќе во однос на Велика Британија. Но, Чиле има релативно висок број на тестирања.

Многу африкански земји досега имаат пријавено многу мали бројки на инфекција во споредба со остатокот од светот, но имајќи предвид дека процентот на тестирања е низок, точноста на нивните бројки е исто така дискутабилна.

Најдобар начин да се види кои земји имаат влошена состојба е да ги погледнете бројките на позитивни во последните две недели.
Но, дури и ова може да биде искривена бројка доколку не се погледне бројот на тетирања. Ако една земја одеднаш го зголеми бројот на тестирањаа, најверојатно ќе забележи и пораст на случаите, освен ако нивото на инфекција не опадне.
Очигледни се некои трендови, на пример Индија, Брегот на Слоновата Коска, Хондурас, Аргентина, Колумбија, Јужна Африка, Мароко и Боливија кои бележат големи скокови во бројот на заразени лица.
И во другите земји исто така има пораст, но во некои од овие случаи бројот на позитивни е толку мал во споредба со бројот на жители, што предизвикува сомнеж во нивната точност.
Земјите каде има најголем пад во бројот на нови случаи – Велика Британија, Ирска, Франција, Италија и Канада – се меѓу оние кои порано беа погодени од епидемијата.

Но, не е познато дали ќе има втор бран во цел свет. Постојат знаци во САД и во Иран, на пример, дека тоа веќе се случило, кога имаше пораст на нови случаи откако почнаа да се укинуваат првичните ограничувања.
Карантинот дава резултати, но исто така и тестовите и контактите
Земјите кои беа најуспешни во намалувањето на смртните случаи се сите оние кои спроведуваа ефикасен систем зна тестирање или карантин или обете методи.
Кина, на пример, и натаму се посочува како земја со една од најниските стапки на смртност во светот, иако беше епицентар на епидемијата.
Додека кинеските власти беа критикувани за бавноста на нивниот одговор, веднаш штом беше очигледно дека болеста се шири брзо, регионот на Вухан беше целосно затворен, а на граѓаните им беше забрането да излегуваат.

Мерките во Сингапур, Јужна Кореја и Исланд не беа толку драконски, но многу рано почнаа со систем на тестирања и трагање по контактите што им овозможи брзо да затворат какви било кластери и да ги изолираат и третираат заразените.
Сите четири држави регистрираа помалку од 1 смртен случај на 200 000 жители.

Спротивно на тоа, земји како САД и Бразил беа прилично бавни во прифаќање на потребата од преземање активности за контрола на вирусот. И двете земји имаат децентрализиран здравствен систем, што ја отежнува координацијата на националниот одговор.
Тоа се и двете држави со најголем број заразени со ковид-19 во светот.