Осудените лица кои се ангажирани во седумдневната акција, ќе ја спроведуваат во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ги издржуваат казните. Ќе бидат под постојан надзор на затворската полиција
Осуденици од девет казнено-поправни установи во земјава седум дена ќе бидат ангажирани за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта на целата територија на државата. Акцијата почна вчера, ќе трае до 22 јули, а се спроведува во соработка на Управата на извршување на санкции и ЈП „Македонија пат“.

Осудените лица кои се ангажирани во седумдневната акција, како што соопштија од Управата за извршување санкции, ќе ја спроведуваат во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ги издржуваат казните. Ќе бидат под постојан надзор на затворската полиција.
Во акцијата се вклучени осуденици од КПД Идризово КПД Штип, КПД Прилеп, КПУ Куманово, КПУ Битола, КПУ Скопје, КПУ Гевгелија, КПУ Струмица и КПУ Струга.
