Иако огнот брзо бил изгаснат, пожарникарите при влегувањето во објектот откриле дека пламените јазици се прошириле низ шахтите за лифтови, каде што биле заглавени два лифта
При отворањето на едниот лифт биле пронајдени неколку жртви, но сè уште не е утврден точниот број на загинати. Според надлежните, можно е меѓу жртвите да се и шест лица што се водат како исчезнати, но не се исклучува можноста да има и други настрадани
Голем пожар избувна во зграда во изградба во центарот на Брисел. Има загинати, а шест лица се водат како исчезнати, пренесува Би-би-си.

Околу 200 работници биле евакуирани од објектот откако избувнал пожарот.
Пожарот избувнал во кулата „Окси“, а причините засега не се познати. Иако огнот брзо бил изгаснат, но пожарникарите при влегувањето во објектот откриле дека пламените јазици се прошириле низ шахтите за лифтови, каде што биле заглавени два лифта.
При отворањето на едниот лифт биле пронајдени неколку жртви, но сè уште не е утврден точниот број на загинати.
Според надлежните, можно е меѓу жртвите да се и шест лица што се водат како исчезнати, но не се исклучува можноста да има и други настрадани.
‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias …
— Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026
#explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA
Портпаролот на Канцеларијата на обвинителството за труд во Брисел, Брехт Спејбрук, изјави дека извлекувањето на телата е отежнато поради урнатините и тешките услови за работа.
Според него, акцијата може да трае уште неколку часа.
Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, им се заблагодари на итните служби за брзата работа во особено тешки услови.
На местото на несреќата пристигнале и белгискиот премиер Барт де Вевер и кралот Филип.
Белгиските медиуми објавија дека две лица со сериозни изгореници биле пренесени во болница, додека еден пожарникар добил медицинска помош по изложеност на високи температури.
Кулата „Окси“ се наоѓа на околу 500 метри од познатиот плоштад „Гран плас“, а по завршувањето на изградбата треба да содржи станови, хотел, ресторани и барови.
