Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата ќе биде од 26 до 36 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата ќе биде од 26 до 36 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се искачи до 34 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во следните денови ќе имаме стабилно време со пораст на температурите кои во петок ќе достигнат максимални 38 степени.
