Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 10 километри длабочина, а бил почувствуван и во Атина на околу 130 километри оддалеченост
Три последователни земјотреси со умерена јачина се регистрирани во близина на грчкиот остров Евија. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) првиот земјотрес бил со јачина 4,9 степени според Рихтеровата скала, а само две минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес во истата област со јачина од 4,3 степени.

Во 13 часот и 2 минути по локално време на островот Евија е регистриран трет земјотрес кој бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 10 километри длабочина, а бил почувствуван и во Атина на 130 километри оддалеченост.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
