Чилеанските власти засега не пријавија повредени или жртви, а надлежните служби објавија дека карактеристиките на земјотресот не ги исполнуваат условите потребни за да се предизвика цунами
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот попладне го погоди рударскиoт регион на Чиле, Антофагаста. Националниот сеизмолошки центар на Универзитетот во Чиле соопшти дека потресот се случил во 17:52 часот по локално време.

Според податоците објавени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е на 25 километри југоисточно од градот Калама, односно 212 километри североисточно од чилеанскиот регион Антофагаста, на длабочина од 103 километри.
Чилеанските власти засега не пријавија повредени или жртви, а надлежните служби објавија дека карактеристиките на земјотресот не ги исполнуваат условите за да се предизвика цунами.
Јужноамериканската земја каде што се среќаваат три тектонски плочи, е една од сеизмички најактивните во светот. Во 1960 година земјата беше погодена од најсилниот земјотрес некогаш регистриран, со јачина од 9,5 степени, при што загинаа 9 500 луѓе. Во 2010 година, пак, Чиле беше погодено од земјотрес со јачина од 8,8 степени, што потоа предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 520 луѓе.
