Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи на денешниот брифинг со медиумите, меѓу другото посочи дека Техеран останува цврсто на ставот дека прекинот на огнот во Либан мора да биде вклучен во меморандумот за разбирање со Вашингтон. Тоа, според Багаеи, е услов Иран да дозволи комерцијална пловидба низ Ормускиот теснец, покрај уникувањето на блокадата на иранските пристаништа од страна на САД
Ваквите позиции на Иран се во спротивност на изјавите на американскиот државен секретар, Марко Рубио, кој изрази надеж дека договор може да биде постигнат уште денеска, но, според „Гардијан“, по изгледа дека и понатаму е голем списокот на нерешени прашања во врска со нуклеарната програма на Техеран
Официјален Техеран го спушти оптимизмот што го подгреаја изјавите на америнскиот претседател Доналд Трамп дека Иран и САД се многу блиску до постигнување мировен договор, пренесува британски „Гардијан“. Според официјални ирански преставници постигнат е напредок во преговорите за изнаоѓање решение за кризата, но оти засега не може да се говори за потпишување на каков било договор. Како клучни фактори за ваквата ситуација, Техеран ги наведува, како што велат, конфузните позиции што доаѓаат од САД, како и мешањето на Израел во преговорите, што само го отежнуваат доаѓањето до сеопфатен договор.

Говорејќи на неделниот брифинг за медиумите, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи, меѓу другото се осврна на ситуацијата со Ормускиот теснец, наведувајќи дека тоа е прашање за кое Оман и Иран треба да постигнат договор. Притоа тој наведе дека за идното управување со стратешки важниот поморски пат не се предлагаат патарини, туку, како што ги нарече, такси за навигациски услуги.
Во однос на ситуацијата со разговорите со САД, Багаеи потврди дека двете страни дошле до заеднички заклучоци околу дел од прашање, но оти не може да се тврди дека потпишувањето на договор е многу блиску.
„Точно е ако се каже дека дојдовме до заклучок за голем дел од прашањата што се дискутираат, но да се каже дека ова значи оти потпишувањето договор е извесно – никој не може да тврди такво нешто“,
рече Багаеи, пренесоа светските медиуми.
Портпаролот, исто така, посочи дека Техеран останува цврсто на ставот дека прекинот на огнот во Либан мора да биде вклучен во меморандумот за разбирање со Вашингтон. Тоа, според Багаеи е услов Иран да дозволи комерцијална пловидба низ теснецот, како и уникувањето на блокадата на иранските пристаништа од страна на САД.
Ваквите позиции на Иран се во спротивност на изјавите на американскиот државен секретар, Марко Рубио, кој изрази надеж дека договор може да биде постигнат уште денеска, но, според „Гардијан“, по изгледа дека и понатаму е голем списокот на нерешени прашања во врска со нуклеарната програма на Техеран.
Рубио рече дека е потребно време за да се добие одговор од иранскиот политички систем, но нагласи дека или ќе има добар договор или САД ќе се справат со ова прашање на друг начин.
„А ние претпочитаме да имаме добар договор“,
изјави Рубио.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) денеска изјави дека договорот со Иран или ќе биде одличен и значаен или воопшто нема да има договор.
На брифингот за медиумите, Багаеи, исто така, рече дека во меморандумот нема да има решение за никакви нуклеарни прашања, како она за преземањето на иранските залихи со високозбогатен ураниум, освен обврската за преговори во следните 60 дена.

Од друга страна, Трамп, кој се соочува со зголемен притисок од критичарите во Републиканската партија, сака меморандумот за содржи обврска од страна на Иран да го предаде збогатениот ураниум, иако засега нема детали како тоа би било направено.
По претходните рунди разговори со САД, Иран изјави дека е подготвен да го намали збогатениот ураниум, но оти нема да дозволи префрлање на залихите ниту во САД ниту во Русија. Техеран даде навестувања дека е подготвен да го суспендира збогатувањето за период од пет години, но и за 20 како што бараат САД.
Ослободувањето на замрзнатите ирански средства во износ од 12 милијарди американски долари е уште едно од централните барања на Техеран. Овие средства се чуваат во Катар, каде денеска на средби отпатува гувернерот на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати.
Багаеи, осврнувајќи се на хаосот во Вашингтон, рече дека оттаму доаѓаат бранови отфрлања, контрадикторни изјави, противења од Конгресот, а исто така и противење од делови од јавното мислење.
Трамп, пак, ги отфрли ставовите на своите критичари, велејќи дека нема да слуша губитници кои се критични кон нешто за кое не знаат ништо.
Во врска со Ормутскиот теснец, Багаеи рече дека денеска се одржале разговори меѓу оманските и иранските претставници. Тој тврди дека причината зошто Оман и Иран се обидуваат да воспостават сигурен и ефикасен механизам за да обезбедат безбеден премин во теснецот е токму затоа што, како што кажа, веруваат во користењето на овој меѓународен воден пат за слободна трговија и безбедна навигација“, пренесе „Гардијан“.
Отфрлајќи ги тврдењата дека иранскиот план претставува национализација на меѓународен воден пат, тој рече дека ако „се обезбедат услуги за навигација, плус потребни мерки за заштита на животната средина на теснецот, тие бараат само собирање такси.
„Терминот патарини не треба да се користи. Ние не наплаќаме патарини. Мислам дека треба да бидеме внимателни во изборот на зборови“,
рече Багаеи.
