Фјучерсите за суровата нафта „брент“, глобалниот репер за нафта, паднаа за 5,5 отсто на околу 98 долари за барел, што претставува најниско ниво за две недели, а цената на американската нафта се намали за 5,8 отсто на 90,99 долари за барел
Аналитичари за Ројтерс предупредуваат дека пазарите остануваат внимателни, бидејќи слични преговори и претходно пропаѓале, што може да доведе до нова нестабилност
Цената на нафтата од типот „брент“ на светскиот пазар денеска падна под 100 долари за барел, додека глобалните берзи бележат раст, пренесува „Гардијан“. Ова доаѓа поради зголемен оптимизам дека Соединетите Американски Држави (САД) и Иран се приближуваат кон мировен договор.

Фјучерсите за суровата нафта „брент“, глобалниот репер за нафта, паднаа за 5,5 отсто на околу 98 долари за барел, што претставува најниско ниво за две недели, а цената на американската нафта се намали за 5,8 отсто на 90,99 долари за барел.
Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ исто така падна – од 48,6 евра на 46,3 евра за мегават-час.
На светските берзи, јапонскиот „никеи“ порасна за речиси 3 отсто.
Цените на енергијата продолжија да паѓаат откако Трамп, по првото објавување дека договорот практично е постигнат, подоцна изјави дека САД нема да брзаат да го потпишат.
Сепак, САД и Иран остануваат во несогласувања околу клучни прашања како што е блокадата на Ормускиот Теснец, што претходно влијаеше врз растот на цените на енергенсите.
Аналитичари за Ројтерс предупредуваат дека пазарите остануваат внимателни, бидејќи слични преговори и претходно пропаѓале, што може да доведе до нова нестабилност.
Трамп изјави дека договорот за завршување на конфликтот со Иран е блиску, но дека САД нема да брзаат со неговото финализирање.
Сепак, додаде дека американската блокада на иранските пристаништа во Ормускиот Теснец ќе остане во сила сè додека не биде постигнат и потпишан конечен договор меѓу Вашингтон и Техеран.
Кревкото примирје е во сила од почетокот на април, но меѓу двете страни и понатаму постојат сериозни несогласувања околу повеќе клучни прашања. Меѓу нив се нуклеарната програма на Иран, израелската воена операција во Либан против проиранското движење Хезболах, како и барањето на Техеран за укинување на санкциите и ослободување на десетици милијарди долари приходи од нафта кои се замрзнати во странски банки.
