Ова следи откако опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека градоначалникот на Општина Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски се претставува како антикорупционер и голем Македонец, а има сопственички удел во фирмата „МБС глобал“-Бугарија
Движењето ЗНАМ во соопштението наведува дека нивниот лидер Максим Димитриевски во 2015 година, пред да извршува јавна функција на државно ниво, заедно со деловни партнери основал компанија во Бургас, Бугарија, која до денес не остварила значителен промет. Но, како што посочуваат оттаму, јавноста сè уште нема одговор од лидерот на СДСМ, Венко Филипче и семејството Заеви во врска со компаниите што ги имаат основано во Бугарија
Од Движењето ЗНАМ соопштија дека во последните денови, во јавноста се појавуваат политички ставови од раководството на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), кои предизвикуваат реакции и различни толкувања околу прашања од национален интерес.

„Кога зборуваме за раководство, не мислиме на формалните членови на партиските тела, кои служат само како декор, туку на муртинските центри на моќ кои од позадина му ги креираат политиките на Филипче“,
велат од партијата која е дел од парламентарното мнозинство.
Оттаму оценуваат дека тезата сите политичари се исти и ставовите за поседување компании во странство претставуваат обид за прикривање на вистинските мотиви зад одредени политички одлуки и интереси поврзани со Бугарија.
Ова следи откако опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека градоначалникот на Општина Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски се претставува како антикорупционер и голем Македонец, а има сопственички удел во фирмата „МБС глобал“-Бугарија.
ЗНАМ во соопштението наведува дека нивниот лидер Максим Димитриевски во 2015 година, пред да извршува јавна функција на државно ниво, заедно со деловни партнери основал компанија во Бургас, Бугарија, која до денес не остварила значителен промет.
„Постои фундаментална разлика помеѓу транспарентноста и молкот. За разлика од заглушувачкиот молк на Филипче и семејството Заеви, Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, јавно и недвосмислено потврди дека во 2015 година, во период кога не бил носител на никаква јавна функција на државно ниво, со свои деловни партнери основал компанија во Бургас, Република Бугарија. Станува збор за компанија која од своето основање до денес практично нема остварено никаков промет, факт кој е лесно проверлив и во јавните регистри. Овој чин на транспарентност е доказ за одговорноста што еден политичар ја има пред граѓаните“,
пишува во соопштението од ЗНАМ.
Оттаму додаваат и дека јавноста сè уште нема одговор од лидерот на СДСМ Венко Филипче и семејството Заеви во врска со компаниите што ги имаат основано во Бугарија.
„Јавноста сеуште нема одговор на овие прашања: Дали ги поседуваат посочените компании, ‘Пауер ај8 Лтд‘, ‘ГОМАСИДРА Лтд‘ и дали на истата адреса во Петрич, ул. ‘Гоце Делчев‘ бр. 12, се појавуваат и други фирми поврзани со лица од фамилијата Заеви: ‘ОРИЕНТ ГРУП‘ ЕООД, ‘РАДИША ТРЕЈД‘ ЕООД, ‘ФАРМА ЕУ БГ‘ ООД и ‘МЕДИКАЛ 420 БГ“ ООД. Со кои дејности се занимаваат тие? Колкав е капиталот и имотот што го поседуваат во соседната држава?‘“,
прашуваат од партијата.
ЗНАМ поставува и прашања за поврзаноста помеѓу приватни бизнис интереси и политичко дејствување, како и за ставовите околу уставните измени и европската интеграција.
„На што се должи необјаснивото инсистирање на Филипче за итна и безусловна промена на Уставот, по секоја цена и со прифаќање на сите услови наметнати од Бугарија? Кој здраворазумен граѓанин на Македонија може да поверува во тезите дека однесувањето на официјална Софија не го загрозува идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик, култура и историја? Само политичар кој е уценет или е во длабок конфликт на интереси може да застапува вакви политики на отстапки кои се директно спротивни на долгорочните национални и државни интереси на македонскиот народ и на сите граѓани во државата“,
додаваат од ЗНАМ.
Движењето ЗНАМ, како што велат оттаму, останува на ставот дека уставните измени кои се однесуваат на вклучување на бугарската заедница и други заедници во Преамбулата треба да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија, со гаранции за заштита на идентитетот, јазикот и историјата.
Секој поинаков пристап, според ЗНАМ, се толкува како отстапување од националното достоинство и загрозување на највисоките државни интереси.
Од СДСМ денеска објавија дека градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски има сопственички удел во фирмата „МБС глобал“-Бугарија.
„Фирмата ’МБС глобал’ била регистрирана на 7.8.2015 година на адреса ’Стефан Караџа’ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи. Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово. Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија? Колку тендери си наместил? Колку пари си префрлил преку кумови и блиски“,
се вели во соопштението од СДСМ.
