„Годишниот извештај на Европската комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или на почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок“, изјави денеска евроамбасадорот во Крушево
Споредено со извештајот на Европската комисија (ЕК) од минатата година, има забрзување на процесот на реформите, вели евроамбасадорот Михалис Рокас, додавајќи оти се надева дека во извештајот за оваа година ќе биде нотиран напредок и постигнати резултати во однос на реформската агенда.

Евроамбасадорот, кој денеска беше во посета на Крушево, во одговор на новинарско прашање кажа дека извештајот што се очекува е во подготовка и треба да биде финализиран во септември. Истовремено тој потсети дека рокот до кога Владата треба да ги заокружи реформите од Планот за раст на истекува, односно дека законите треба да се донесат до крајот на јуни.
„Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или на почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот извештај на Европската комисија“,
изјави Рокас во Крушево, пренесе МИА.
Но, она што е поважно, посочи тој, е реформската агенда, додавајќи дека Европската Унија одблиску соработува со Владата и со министерствата со цел да се постигне напредок во неколку сфери.
„Што се однесува на некои чекори или мерки кои требаше досега да бидат спроведени од Владата и од министерствата, нивниот рок истекува кон крајот на јуни. Меѓутоа, генерално, кога ќе се спореди со Извештајот од минатата година, може да нотираме дека има забрзување на процесот на реформите, така што јас искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има и резултати“,
изјави амабасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.
