Од местото на убиството во битолската населба Баир се земени траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола утринава изврши увид на местото во битолската населба Баир, каде што беше убиена 31-годишната А. В. од Битола.

Од местото на убиството се земени траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, а дополнително е издадена наредба за обдукција на телото на починатата.
„Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него Обвинителството ќе ја информира јавноста“,
соопштија денеска од Обвинителството.
Според информациите што претходно денеска ги објави МВР, 31-годишната жена била убиена од страна на својот сопруг, со кого не живеела заедно. Тој рано утринава ја нападнал со нож, а таа им подлегнала на повредите.
