Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 11 мај 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува копретседателот на новата политичка партија Влен, Биљал Касами
На прашањето од насловот на оваа објава, копретседателот на новооснованата политичка партија Влен, Биљал Касами, одговори дека Албанците во Македонија досега пателе од узурпација на позицијата претседател на партија, по што речиси редовно следувале поделби. Во Влен, додаде Касами, одлуките ќе се носат од петчлено претседателство – или со консензус или со најмалку четири гласа. Во претседателството членуваат колидерите Биљал Касами и Изет Меџити, потпретседателите Мимоза Муса и Беким Ќоку и секретарот Беким Сали, сите претставници на различни политички субјекти што во саботата на конгрес во Скопје се обединија во една партија. Касами, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, го прашуваме и за позицијата на Влен во власта, (не)остварените ветувања, каде заглави законот за соодветна и правична застапеност, реконструкцијата на Владата, вечната тема за предвремени избори, блокираните европски интеграции…
