Хрватските медиуми објавија дека началникот на крим-полицијата Роберт Грилец (52), кој во тој момент не бил на должност, бил застрелан од М.Г. (52), човек од неговото соседство, кој потоа се обидел да се самоубие. Напаѓачот со хеликоптер е пренесен во Клиничката болница Дубрава во Загреб, а степенот на неговите повреди засега е непознат
Во пукотница што утринава околу осум часот се случила во кафуле во хрватскиот град Крапина, убиен е началникот на криминалистичката полиција на Полициската управа Крапино-Загорје, Роберт Грилец.

Хрватските медиуми јавуваат дека началникот Грилец (52), кој во тој момент не бил на должност, бил застрелан од М.Г. (52), човек од неговото соседство, кој потоа се обидел да се самоубие. Напаѓачот со хеликоптер итно е пренесен во Клиничката болница Дубрава во Загреб, а степенот на неговите повреди засега е непознат.
Случајот официјално го потврди и полицијата:
„Утринава околу 8:10 часот во угостителски објект во Крапина, маж (1974) со огнено оружје пукал и убил полицаец (1974) кој не бил на должност, по што се пукал во себе со истото оружје. Со хеликоптер е пренесен во болницата Дубрава. Истрагата е во тек.“
Сведоци на инцидентот, меѓу кои и вработени во кафулето, велат дека напаѓачот влегол во локалот без збор, испукал три куршуми кон полицаецот пред околу петнаесет муштерии, а потоа излегол надвор и се застрелал. И убиениот полицаец и сторителот се жители на Крапина и живееле во непосредна близина. Според оцевидци на настанот, на нападот не му претходела никаква расправа.
Хрватски „Индекс“ пишува дека во 2018 година, убиениот началник на криминалистичката полиција, Роберт Грилец, бил награден од тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за чесна и примерна служба.
