Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од шест до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 16 до 26 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 24 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат слично време на денешното – променливо облачно со повремен локален дожд. Утре попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.
