Иран вели дека „топката е во дворот на САД“, додека Трамп е на став дека веројатно ќе го отфрли новиот предлог од Техеран

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ќе го разгледа новиот мировен предлог од Техеран, но фрли сомнеж врз неговите перспективи, велејќи дека Иран сè уште „не платил доволно голема цена“.
Два полуофицијални ирански новински агенции, Тасним и Фарс, за кои се верува дека се блиски до паравоената Револуционерна гарда на Иран, изјавија дека Иран им испратил на САД нов предлог од 14 точки преку Пакистан.
Трамп во објава на „Трут сошл“ за новиот предлог на Иран вели дека „не може да замисли дека би бил прифатлив бидејќи сè уште не платиле доволно голема цена за она што му го направиле на човештвото и на светот во последните 47 години“.

Тoj оваа недела го отфрли претходниот ирански предлог.
Сепак, прекинот на огнот во војната – започнатa од САД и Израел кон крајот на февруари – е во сила од 8 април, а една неуспешна рунда мировни преговори веќе се одржа во Пакистан.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, им рече на дипломатите во Техеран дека „топката е во дворот на САД – да го изберат патот на дипломатијата или да продолжат со конфронтацискиот пристап“.
Иран, рече тој, е подготвен за двете можни сценарија.
Вашингтон повеќепати нагласи дека нема да стави крај на војната без договор што ќе го спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Тоа беше и главната цел на Трамп кога нареди напади во февруари, токму во екот на нуклеарните преговори.
Од друга страна, Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мировни цели.
Во разговор со новинарите во Флорида вчера, Трамп посочи дека на маса се и нови воени дејствија против Иран, „ако тие се однесуваат лошо“.
