Почетокот на протестот е закажан во 11 часот пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе заврши пред владината зграда на булеварот „Илинден“
Поради најавениот првомајски протест на Сојузот на синдикатот на Македонија (ССМ) закажан за денеска во 11 часот, во централното подрачје на Скопје ќе се воспостави посебен сообраќаен режим, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Почетокот на протестот е закажан во 11 часот пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе заврши пред владината зграда на булеварот „Илинден“.
„Протестот e предвидено да почне пред зградата на ССМ на улица ‘Мирче Ацев’ бр.4 со движење лево по улица ‘Филип 2 Македонски’, десно по улица ‘11 Октомври’, право по улица ‘Димитрие Чуповски’, десно по улица ‘Васил Главинов’, право по булевар ВМРО и лево по булевар ‘Илинден’ до пред Владата“,
се вели во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на протестот.
