„Изборите ќе се одржат најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби и дури за два и пол месеци отсега. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, изјави српскиот претседател во телевизиско интервју
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека предвремените избори во Србија ќе се одржат или на 12 јули или во периодот помеѓу октомври и крајот на ноември годинава.

„Изборите ќе се одржат најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби и дури за два и пол месеци отсега. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“,
изјави Вучиќ во интервју за телевизија Пинк.
Тој најави дека Народното собрание целосно ќе ги усвои препораките на ОДИХР, како и одлуките на Венецијанската комисија во однос на правосудството.
„Народот ќе добие сè што побара, а потоа ќе има можност да каже што мисли и каква иднина сака. Дали ќе се вратат во минатото, дали ќе се вратат во празни фабрики, во одземање работни места, предаторска приватизација, понатамошно губење на територија како што имавме од 2000 до 2012 година, или ќе продолжат по патот на развој и просперитет. Мислам дека тоа ќе биде прилично јасен избор пред народот“,
рече српскиот претседател.
